Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи денеска одбила да биде претресена при влезот-излезот од Специјалното јавно обвинителство.

Како што изјави таа за ТВ24, Фетаи била запрена од полицаецот на влезот од СЈО и била известена за „наредбата од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за претресување на сите вработени во СЈО“.

Фетаи се спротивставила на оваа одлука.

– Јас сум обвинителка која работи во оваа институција веќе четири години, а не осомничена за да ме претресуваат на секое влегување и излегување. На враќање од паузата околу 13 часот ме застана полицаецот и соопшти дека не можам да влезам без да бидат извршени проверки во мојата чанта. Тој се повика на наредба која денеска била дадена од шефицата Јанева, изјави Фетаи за ТВ24.

Фетаи и сочно опцула:

-Сочно опцув и тргнав во нејзината канцеларија за да видам зошто како обвинители кои 4 години се бориме за СЈО сега по нејзина наредба треба да бидеме претресувани. Таа беше излезена, а мене ми беше тешко и дури почнав да плачам поради таквото нејзино однесување, изјавила телефонски Фетаи за ТВ Телма.

Таа додава дека полицаецот и кажал дека наредбата е за сите вработени во СЈО и дека претресите треба да се изведуваат и при влегување и излегување во зградата на Рузвелтова.

-Не може да сфатам како почна да се наредува такви работи откако ние 4 години по судници и секаде се бориме за СЈО, вели Фетаи.

Претходно наредбата за претрес и за забрана за излегување на службениците во СЈО пред зградата била кажана и на вработените во СЈО.

Фетаи рече дека во понеделникот сите присутни обвинители (бидејќи неколкумина се на одмор, а Стефанова беше на рочиште) биле на колегиум.

Според информациите на Телма, Јанева им викала дека треба да се држат заедно и доколку таа падне ќе ги повлекла надолу и ќе кажела што се слушнала за нив. Од прес службата на СЈО нема реакција, а специјалната обвинителка Јанева не одговорила на телефонските повици од скопската телевизија.