Оперативец на Агенцијата за национална безбедност во Битола испрашувал активисти на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Битола кои тргнале да протестираат против посетата на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска на Битола поради сликањето пред симболот на УЧК, пишува Република.
Оперативецот на Службата за државна безбедност се вмешал во обид да ги спречи да отидат на јавен настан на кој веќе имало други луѓе и да ја заштити Шеќеринска иако за тоа нема никакви овластувања кога се работи за јавни собири, обвинуваат очевидци на настанот.
Во видеото кое се најде на социјалните мрежи се слуша како оперативецот ги испрашува членовите на УМС ВМРО ДПМНЕ од Битола иако за тоа нема овластување.
По најава на партиското обезбедување на СДСМ дека УМС се ближи до местото каде што Радмила Шеќеринска требаше да држи говор оперативецит на АНБ ги запира членовите на УМС, кои носеле транспарент со порака “Засрами се”, тврдат очевидци.
Оперативецот на АНБ од страна на момчињата е информиран дека нема овластување да ги испрашува по што тој повикува позорникар кој ги легитимира. Во видеото се слуша како оперативецот ги прашува момчињата за работи за кои апсолутно нема никакво право да добие одговор.
Видеото погледнете го тука