Олгица Н. ТРАЈКОВСКА
„Почитувани,
И ова ЧУДО го доживеав! Во просперитетна, слободна, демократска, нережимска Северна!
Утрово, некој си „VISTINOMER“ ме извести дека погрешно сум го толкувала Уставот и сум наведувала на БОЈКОТ на Пописот!
Прво,
никој, освен Собранието и Уставниот суд, не е овластен да го ТОЛКУВА Уставот! Па ниту јас, ниту некаков си „Вистиномер“!
Второ,
секој има уставно и меѓународно гарантирано право слободно да изнесува свои мислења, аргументи, ставови за секое прашање, па дури и да не е во право, а ЦЕНЗУРАТА според Уставот е забранета. Освен ако не врши кривично дело, за што „Вистиномер“ не е овластен да цени, а самиот, во случајов врши!
Трето,
Никој, па ниту некаков си „Вистиномер“ има лиценца да квалификува нечие мислење кое се заснова на ЛИЧНО убедување, а не на мерливи факти. Мислењето не е 2 кг Вистина, и -3 кг Невистина!
Четврто,
Изјавувам, дека моето мерило на Вистината, реципрочно на мерилото на „Вистиномер“ – ИЗМЕРИ дека „Вистиномер“ погрешно го толкува Уставот, но врши противуставна, неовластена квалификација на моето мислење со цел – заплашување и ограничување на слободата на говор и мислење!
Прпа, а?!“.
Горните редови се од утринскиот ФБ статус на скопјанката Олгица Н. Трајковска. Госпоѓата пред некој ден упати допис до директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски со кој го предупреди дека Методологијата му е фалшлива и дека со фактот што со неа не се дозволува Македонците да се изјаснуваат како припадници на македонскиот народ, туку како припадници на етничка заедница (една од повеќето заедници во Македонија, што од правно-политики аспект со себе носи сериозно лоши последици за државата за разлика од ситуацијата кога Македонците би се изјаснувале како припадници на македонскиот народ) доведува до сомнеж дека врши кривично дело од член 137 од КЗ – „повреда на рамноправноста на граѓаните“ з ашто може да се добие казна затвор и до пет години.

Нејзиното официјално обраќање до Симовски го објавивме на страниците на Денешен во текот не вчерашниот ден. Ова е линк до објавата.
Тоа очигледно ја активирало тајфата од некаков си „Вистиномер“ кој очигледно смета дека има монопол на вистината што само по себе е кататсрофално манијакално сфаќање на работите. Претензии дека некој има монопол на вистината немале многу сериозни научници и големи умови во светот, но ете го доживеавме, како што вели Трајковска и ова чудо – некаква си тајфа да врши притисок врз секојдневните граѓани.
Инаку, госпоѓата Трајковска поднесе иницијатива за оценка на Методолгијата за пописот и од Уставниот суд.