Каде да пријавам, во која инспекција, прашува жителка на скопска населба и бара помош преку социјалните мрежи за проблемот кој го имала со кокошките и петлите на соседот.

Соседот, како што објави порталот А1.он под нејзиниот прозор чувал кокошки, таа се обратила во општината, а од комуналната инспекција и кажале дека не се надлежни.

– Каде да пријавам, во која инспекција. Комшијата под прозор ми чува кокошки и петли кои деноноќно кукурикаат. Прозор не можам да отворам, децата немаат раат, не можат да спијат. Ова е хорор, вели скопјанката во објавата на социјалните мрежи.

Во коментарите може да се прочита дека овој случај не е единствен, дека слични проблеми имале и други граѓани.

Порталот потсетува дека во одлуката за комунален ред на градот Скопје децидно стои дека на подрачјето на градот Скопје се забранува чување, терање, напасување и хранење на животни и живина.

Жители на Скопје се жалат и на соседи кои во дворовите на зградите или терасите ги чуваат домашните миленици. Комунален ред е пропишан и за сопствениците како треба да ги чуваат домашните миленици.

Извор: А1.он