Еден мигрант потешко повреден додека на железничката станица Трубарево се обидел да се качи на товарен во движење, кој сообраќал до Гевгелија.

Случајот е пријавен синоќа во 23:55 часот, соопшти МВР. Двајца мигранти се обидувале да се качат на возот при негово тргнување, при што едно од лицата се здобило со тешки телесни повреди.

Од екипа на Итна медицинска помош повреденото лице било пренесено во комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Другото лице е однесено во полициската станица Гази Баба за натамошна постапка.

Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.