Едно лице почина во сообраќајна несреќа, што се случи изутринава на стариот пат Кадино-Миладиновци.

Во 1:55 часот по полноќ било пријавени дека на стариот пат кај каналот патничко моторно возило „Пасат“ со бугарски национални ознаки, управувано од Т.З.(50) од Неготино, излетало од патот пред мостот во село Кадино.

Возачот починал на местото на настанот, а сопатничката Ј.З.(43) се здобила со тешки телесни повреди. Таа била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Извршен е увид на местото на настанот.