Два напади од улични кучиња се регистрирани во денешниот билтен на МВР.

На 08.06.2020 во 20.25 часот во СВР Скопје, О.М.(80) од Скопје пријавила дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 09.06.2020 во 01.20 часот во Полициската станица Гази Баба, И.Д.(50) од Скопје пријавила дека на кејот на реката Вардар нејзината 17-годишна ќерка била касната од кучиња скитници.

Нападите од кучиња станаа секојдневие во Скопје, но и во останатите општини во Македонија.