Петгодишно дете вчера било искасано од улични кучиња во Скопје, а во друг случај и 61-годишна жена.

На 21.05.2020 во 19.00 часот во СВР Скопје, М.С.(61) од Скопје пријавила дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ била касната од куче скитник.

На 21.05.2020 во 11.00 часот во Полициска станица Чаир, З.А.(35) од Скопје пријавил дека на ул.„Боца Иванова“ неговиот пет годишен син бил каснат од куче скитник.

Стана секојдневие во Скопје, но и во останатите градови, да има по неколку нови случаи на нападнати граѓани од улични кучиња, кои се намножени, а надлежните институции и асоцијациите не преземаат ништо.