Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди, а пет лица со лесни телесни повреди во шест од вкупно 10 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје,  полицијата исклучила осум возачи пред да се стекнат со право на управување на моторни возила и шест нерегистрирани возила.

За непрописно паркирање е издадена една казна, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 92 возила.

Казнети се и еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло, четири возачи кои поминале крстосница на црвено светло и еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.