Влатко Ѓорчев им помагаше на жителите на албанскиот приморски град Драч, кој вчера утрото беше погоден од земјотрес со интензитет од 6,4 степени, при што настрадаа над 20 лица а околу 600 се повредени. Ѓорчев на својот профил на социјалните мрежи објави дека веднаш се упатил во Драч, по веста за земјотресот.

-Господ нека ги чува луѓето и нивните семејства- напиша Ѓорчев на совјот профил на Фејсбук.