Тринаесетгодишно девојче се здоби со тешки телесни повреди откако удрило во неа патничко возило „форд фокус“ на крстосница од регионалниот пат Скопје-Велес со сервисна улица која води кон населбата Нова Колонија.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера во 13:20 часот кога во девојчето удрило возилото со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(56) од Скопје.

Повреденото девојче од село Идризово било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.