Возач на мопед се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно 27 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на изминатите два дена на подрачјето на СВР Скопје.

Во 11 сообраќајки со полесни повреди се здобиле 11 лица, а во 15 била причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила двајца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол и две нерегистрирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ подигнати биле осум возила.

Санкциониран бил и еден возач кој поминал на крстосница на црвено светло.