Возач на патничко моторно возило и сопатник биле тешко повредени во една од вкупно 17 сообраќајни незгоди што вчера се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

Во седум сообраќајки со полесни повреди се здобиле 12 лица, а во девет била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала и исклучила од сообраќај тројца возачи кои го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување моторно возило и пет нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и четворица возачи кои поминале на крстосница на црвено светло и еден возач за неправилно престигнување.

Пет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и пет пешаци кои поминале коловоз на црвено светло биле исто така биле санкционирани од страна на сообраќајната полиција.

Со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 63 возила.