Едно лице било тешко повредено во една од вкупно 11 сообраќајни незгоди случени во текот на вчерашниот ден. Во шест сообраќајки со полесни повредни се здобиле шест лица, а во четири била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 58 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила 12 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и еден почетник, како и едно технички неисправно возило и  11 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и двајца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи за не носење заштитен шлем, 16 возачи за не носење сигурносен појас, како и 12 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Затекнати биле 87 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 66 возила.