Во 12 сообраќајни незгоди кои се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје, три лица се здобиле со телесни повреди.
На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности пришто е констатирано дека 53 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од МВР денеска соопштија дека вчера од сообраќај се исклучени 30 возачи од кои 22 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца возачи биле возачи-почетници и шест возачи поради сторени останати сообраќајни прекршоци.
Исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, 17 возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, пет возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 12 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во текот на изминатиот ден издадени се 82 мандатни платни налози и 50 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.