Она што неколку години се сметаше само за гласина, дека Мартин Скорсезе ќе режира документарен филм за славната турнеја на Боб Дилан во 1975 година, сега е и официјално потврдено.

Се работи за турнејата „Rolling Thunder Revue”. Документарецот под наслов „Rolling Thunder Revue: A Bob Dylan Story by Martin Scorsese” ќе биде прикажан оваа година на Нетфликс, но датумот на премиерата не е прецизиран.

Соработката со самиот Дилан, е исто така потврдена, наведува „Варајети“.

Филмот на најсликовит начин ќе ги прикаже концертите, еуфоријата и целата таа атмосфера во 1975 година.