Таму каде што има политичка волја и идеја за прогрес, разликите лесно се надминуваат. Заедно отворивме искрен и посветен дијалог за стабилност и развој за двете држави. Поттикнавме продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу нашите две земји. Двете Влади се определија да водат политики на градење мостови, а не ѕидови. Со тоа двете држави покажуваат одговорност кон своите граѓани за постигнување достоинствени решенија за двата народи за подобрување на животот на граѓаните. Постигнавме согласност заедно да ја спречуваме недобронамерната пропаганда доколку се појави внатре во државите, заедно да бидеме против говорот на омраза и заедно да го поразиме национализмот.“ – изјави денеска Димитар Ковачевски премиер на Македонија.

Што значи тоа „недобронамерна пропаганда“ и кој ќе оцнува која е добронамерна а која не е, Ковачевски не појасни.

Но, се чини ова е најава за отворена цензура во Македонија, наспроти прикриената која е наметната за потребите на Преспанскиот договор, кога од јавниот простор беа елиминирани и потиснати сите оние за кои се сметаше дека може да пречат во неговата реализација, како и во реализација на задушувањето на резултатите од референдумот во 2018 кога граѓаните се изјаснија дека не сакаат промена на името.

Многу е блиску веројатноста дека во иднина ќе се случува тоа што се случува со противниците на задолжителната вакцинација против Ковид 19 и со оние лекари кои инсистираат на ран третман, а кои биваат блокирани на социјалните мрежи, неподобни се за мејнстрим медиумите, а многумина од нив дури и ја изгубиле работата и лиценцата за работа.