Слободен печат открива дека Клиниката за Онкологија го саботирала тукушто набавениот систем за следење и безбедно чување на дозите. Системот КАТО требало да стави крај на рачниот систем на дозирање, а идејата била да се спречи губење на дозите, да се обезбеди прецизно дозирање без грешка и безбедно чување на цитостатиците.

Со КАТО било невозможно да се украде цитостатик или да се намали нечија доза, ни поради кражба ни поради грешка. Но, по само шест месеци откако е набавен овој систем, во 2017 година, новиот директор Нино Васев го исфрлил од употреба.

Кога во 2016 година Клиниката за Онкологија набавила автоматизиран систем за подготовка на цитостатиците наречен КАТО систем, идејата била да се спречат загубите на дози цитостатици поради кои што клиниката губела пари, а пациентите ризикувале несоодветно дозирање, а со тоа и несоодветно лекување.

Дополнително, со стариот начин на работа имало токсични труења и на медицинскиот персонал задолжен за подготовка на дозите. Во европските држави овој систем е одамна во употреба и речиси и нема болница во развиениот свет во која цитостатиците се подготвуваат рачно. Но, системот имал друга ,,маана” – со него не би можело да се украде ниту милиграм доза.

Целата тема прочитајте ја на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ