Во изминатите 24 часа во Словенија беа регистрирани 1.024 нови случаи на коронавирус, а 26 лица починаа.
Беа тестирани 3.432 лица, што значи дека уделот на позитивните случаи е речиси 30 проценти (29,84).
Од појавувањето на коронавирусот во Словенија, извршени се 477.277 тестирања, со вкупно 65.148 позитивни тестови.
Бројот на активни случаи повторно надмина 20.000 по вчерашните тестирања и изнесува 20.119, пренесува РТВ Сло.
Според владините податоци, 1.244 лица се лекуваат во болници, од кои 198 на Одделите за интензивна нега.