Поранешниот напаѓач на Јувентус, Кристијано Роналдо одби да комуницира со италијанските обвинители во случајот за измама во кој се обвинува претседателот на клубот од Торино, Андреа Ањели.

Ова го објави новинарот Танкреди Палмери на социјалните мрежи.

Триесет и седумгодишниот Португалец играше за Јувентус од 2018 до 2021 година и забележа 134 натпревари за италијанскиот клуб, постигна 101 гол и 22 асистенции.

Ањели е обвинет за финансиски малверзации, а во текот на претресот од страна на полицијата се истражувал и договорот на Роналдо поради сомнеж за приватен догогор меѓу клубот и фудбалерот.

Роналдо во моментов е играч на Манчестер јунајтед,.