Советот на Општина Маврово – Ростуше донел одлука Основното училиште во селото Ростуше да се преименува од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во ОУ „Хајан Селмани“.

– Одлуката е донесена по предлог и иницијатива на советот на родители и училишниот одбор, информираат од Општината Маврово-Ростуше.

Бизнисменот и мотивациски говорник Хајан Селмани, по потекло од селото Велебрдо, почина во септември годинава, на 33 годишна возраст. Тој беше претприемач во ИТ секторот, сопственик на ИТ компанијата Хаселт.