Гркот Јоргос Митропулос пријавил во полиција пироман кој пред негови очи, како што тврди подметнал неколки пожари.
Како што пишува на постот на социјалната мрежа Фејсбук Јоргос, го следел пироманот некое време, а паралелно разговарал и со полицијата и им го пренесувал секој детаљ од потерата.
Во пожарите кои во понеделникот почнаа да беснеат во околината на Атина, загинале 79, а повредени се повеќе од 180 луѓе. Меѓу жртвите има многу деца, а се стравува дека црниот биланс ќе расте.