Шпанската Национална спасувачка служба во текот на денот пресретна 175 мигранти во неколку пловила во близина на јужниот брег на Шпанија.

Службата информира дека спровела 14 спасувачки операции во реонот на Гибралтарскиот Проток.

Во меѓу време, Меѓународната организација за миграција (ИОМ) информира дека од почетокот на годината преку Средозменото Море во Европа пристигнала над 50.000 мигранти.

Во истиот период на пат кон европските држави загинале или се водат како исчезнати над 1.400 лица.

ИОМ посочува дека во текот на годинава се бележи драстично зголемување на бројот на мигранти што се упатиле кон Шпанија. Според податоците на Организацијата, годинава во Шпанија пристигнале вкупно 18.000 мигранти, со што оваа земја ги надмина Италија и Грција, кои досега важеа за главни мигрантски дестинации.

МИА