Египетските власти покренале истрага откако еден пар од Данска се искачил на врвот од Кеопсовата пирамида во Гиза и наводно снимал додека имале сексуален однос.

На снимката која кружи на социјалните мрежи се гледа како двојката се качува на пирамидата, една од најпознатите туристички атракции во светот.

Кога се искачиле на врвот, девојката веднаш ја соблекува маицата, а на крајот од снимката се гледа дека двајцата се во мисионерска поза.

Видеото предизвика гнев кај Египќаните, а полицијата покрена истрага.

Не е познато дали оваа данска двојка се уште се наоѓа во Египет.

Иако е подигната истрага поради снимката, некои египетски политичари се сомневаат дека станува збор за монтажа и дека на врвот од пирамидата стара 4.500 години секс воопшто немало.

Кеопсовата или Големата пирамида во моментот на изградбата била висока 147 метри, а денес има 139 метри.

Според постоечките теории, пирамидата ја ѕидале 100.000 луѓе цели 20 години.