Видеоматеријали од тајното следење на Зоран Милевски – Кичеец денеска беа презентирани од страна на обвинителството во случајот „Рекет“. Помеѓу снимките, се најдоа и неколку средби на Кичеец во познати локали низ Скопје.

Извори на „Република“ откриваат дека на една од нив Кичеец седел во скопски локал со Вице Заев, како и адвокатот В.А., кој важи за доста близок до семејството.

Останува отворено прашањето што тие двајца барале заедно со Кичеец и каква е поврзаноста со случајот „Рекет“.

Дополнително, сомнежи за оваа снимка отвора и однесувањето на обвинителката Вилма Рускоска, која само ја пушти, но не даде и никаков опис за оваа снимка, за разлика од останатите презентирани.