Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, го обвини колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос и тамошните десничари за обид да го убијат синоќа додека држеше говор на отворено во Каракас. Од Богота таквите обвинувања ги демантираа.

-Се укажува дека десничарите, ултрадесничарите од Венецуела, заедно со колумбиските ултрадесничари, како и Х. М. Сантос стојат за овој обид за убиство – рече Мадуро, пренесува ТАСС.

Маудро порача дека има целосна доверба во својата држава и во вооружените сили.

-Зборував дека не смееме да го спуштиме гардот и дека заговорот се вратил. Во тој момент точно пред мене ескплодира летечки објект. Мојата прва реакција беше смиреност, затоа што имам целосна доверба во своите луѓе и во вооружените сили. Бог ме заштити – рече Мадуро.

Тој додаде дека некои од сторителите на нападот живеат во САД.

Одговорноста за нападот го презела групата „Национално движење на војниците во маици“.

Според наводите на Венецуела, напаѓачите се обиделе да го убијат Мадуро со дронови наоружани со екслозив Ц4 додека тој држеше говор пред неколку стотици војници. Нападот се случи точно во 17.41 часот, а кога се слушнаа првите експлозии обезбедувањето на Мадуро го заштити со обрач направен од заштитини панцири. Претседателот не е повреден, но во нападот, според АП, се повредени седум лица.

Експерт од Вашингтон изјавил дека нападот не е инсцениран, но дека е изведен аматерски. Обезбедувањето на Венецуела, пак, објави дека дроновите навреме биле пресретнати и уништени во воздух.

Неколку лица се уаспени.