Во скопската населба Бутел рано утрово со експлозив е разнесен банкомат. Инцидентот се случил улицата Христијан Тодоровски-Карпош. Засега нема информации за повредени, но има оштетени неколку возила.

Полицијата била на терен и извршила увид на местото на настанот.

„На 06.06.2023 во 03.38 часот е пријавено дека на подрачје на Чаир четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале“, соопшти МВР.

Банкоматот на кој бил поставен експлозивот бил на „НЛБ банка“.