Куркумата (индиски шафран), е состојка на зачинот кари и може да го спречи дијабетесот кај луѓето со висок ризик од таа болест, велат истражувачите од тајландскиот Универзитет Сринакхаринвирот.

Тие откриле дека секојдневното консумирање на куркума во текот на девет месеци целосно го спречува целосниот развој на дијабетис 2 кај “преддијабетичарите” – луѓе со абнормално висока содржина на шеќер во крвта, кој се уште не е дијабетес, но лесно може да премине во него.
Претходните студии покажаа дека куркумата дејствува против воспалителните процеси во организмот и “оксидативното оштетување” на клетките. Се верува дека овие два процеси се поттик за голем број на болести, вклучувајќи го и дијабетесот 2.

“Поради придобивките и безбедноста од консумирање, ви препорачуваме екстрактот од куркума да се употребува кај преддијабетичарите”, рече лидерот на тајландското истражување Сомлак Чуенгсамарн. Во ова истражување беа вклучени 240 возрасни Тајланѓанаи со преддијабетис, од кои на половина им беа давани капсули од куркума, а на другите плацебо. Испитаниците со куркума консумира шест капсули од 250 mg од соодветниот зачин на ден. По девет месеци, меѓу оние кои конзумирале куркума немаше случаи со дијабетис, додека кај испитаниците на плацебо евидентирани се 19 случаи.

Беше откриено дека куркумата го подобрила функционирањето на т.н. бета клетки во панкреасот, кои се одговорни за лачење на хормонот инсулин – регулаторот на шеќерот во крвта.