Синоќа во 20 часот и 50 минути во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено обид за грабеж.

Имено во маркет во близина на Драмски театар непознато лице со нож се обидело да ги нападне и ограби вработените, но откако не успеал во намерата побегнал во непознат правец, соопшти полицијата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на настанот.