Времето во Македонија претпладнево е сончево и топло, а температурите се движат од 25 до 32 степени. Слично време и во Скопје. Но, попладне следува пресврт. Ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југоисточните делови, каде е можно процесите краткотрајно да бидат поинтензивни.

Во следните денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево и топло, а попладне ќе има локализирана појава на пороен дожд и грмежи. Температурите нема многу да се менуваат, а ветерот ќе биде претежно северен. Нешто понестабилен период се очекува кон крајот на работната седмица.