Со осум куршуми пукано кон вилата во која биле Кање Вест и Текаши69

/ 09.11.2018

Врз вилата во која се наоѓале Кање Вест и Текаши69 бил отворен оган.

Американски медиуми пренесуваат дека најмалку осум куршуми се испукани во правец кон вилата во која се наоѓале музичарите Кање Вест и Текаши69.

Како што се наведува, инцидентот се случил во вила на Беверли Хилс, која била изнајмена за снимање музички спот.

Медиумите пренесуваат дека во вилата најверојатно била и пејачката Ники Минаж.

Полицијата потврди дека никој не бил повреден во инцидентот, но констатирано е дека еден куршум пробил прозорец во спалната соба.

Медиумите наведуваат дека Текаши69, една од ѕвездите на новиот бран рап музика, бил цел на напад и во текот на снимање на спот со 50 Сент во август оваа година.


Од истата категорија