Нов претседател на Собранието на Албанија ќе биде Линдита Никола, сопруга на универзитетскиот професор Лигор Никола, кој потекнува од областа Голо Брдо.

Веста, како што пренесе весникот на македонски јазик Илинден од Тирана,  ја објави премиерот Еди Рама, кој рече дека госпоѓа Никола ќе го замени досегашниот претседател Грамоз Ручи. Притоа Рама не штедеше пофалби за новата претседателка на албанскиот парламент.

Линдита Никола, како што пишува Илинден, одлично зборува македонски јазик.

„За јавноста во Македонија ќе кажеме дека Линдита Никола е родена во Тирана, на 22 октомври 1965 година Во 1989 година ги завршила студии на Факултетот за науки и природа, отсек математика на Универзитетот во Тирана. На истиот Универзитет во јули 2010 год. има магистрирала на отсекот Јавна администрација, насока Централна власт. Со политиката се занимава од 2003 година, кога во периодот 2003-2007 е избрана како советник во Советот од на Општина број 1 Тирана Во два мандата (во периодот 2007-2011 и 2011-2013 год), госпоѓа Никола беше градоначалник на Општина број 1 во Тирана“, пишува весникот Илинден.

На изборите од 23 јуни 2013 година Никола беше избрана за пратеник во Собранието на Република Албанија од Тирана. Во периодот од септември 2013 до ма ј2017 год. ја извршува функцијата министер за образование и спорт. На изборите во јуни 2017 година беше избрана за пратеник во Лежа. Од септември 2017 година, госпоѓа Никола станува член на Извршниот комитет на Социјалистичката партија. Нејзината професионална биографија говори дека во меѓувреме, во 2006 година таа има завршено Академија за владдеење и реформа во Институтот за демократија и поврзување (ИДП) во Тирана, додека во јуни 2008 година има завршено Академија на комунитарна колиција и владеење на Универзитетот во Питсбургер, САД.

Од приватниот живот на госпоѓа Никола се знае дека таае мажена за проф, д-р Лигор Никола, од кој брак имаат една ќерка. Нејзиниот сопруг Лигор Никола, родум е од село Врница, областа Голо Брдо. Моментално тој е декан на Факултет за математичко инженерство и физика во Тирана.