Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, кој беше овластен предлагач, ја повлекол граѓанската иницијатива за собирање потписи од најмалку 150 илјади избирачи за распишување задолжителен референдум за промена на името на државата.

Ова на денешната седница 81. седница го соопшти претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери.

Собранието донесе повеќе закони по скратена постапка, меѓу кои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Предлог-закон за изменување и доплнување на законот за основање Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за класифицирани информации, Предлог-закон за изменување на Законот за земјоделство и рурален развој, како и Предлог-законот за изменување на Законот за трговија на зелени пазари.

Пратеникот Ејуп Алими образложи дека по дебатите во јавноста, нејаснотиите за функционирање на законот за зелените пазари и поради задоцнувањата на донесување на подзаконските акти, покренале иницијатива за одложување на имплементацијата на законот во рок од една година, односно додека се објаснат нејаностиите и се подготват трговците да функционираат нормално.