Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на 28 декември, во 12 часот, ќе има редовно годишно обраќање пред пратениците во Собранието.
Известувањето за годишното обраќање на шефот на државата веќе е доставено до Собранието на Република Македонија.
Ова ќе биде последно обраќање на Иванов како шеф на државата, бидејќи неговиот мандат истекува на 12 мај наредната година.