Македонското Собрание 75. седница на која треба да се расправа за уставните измени наместо во 13:00 часот, ќе ја продолжи во 15:00 часот.
Нема официјално објаснување, зошто е поместен терминот за почеток на седницата на која треба да биде сменето уставното име на Република Македонија, но неофицијално се уште нема потребно двотретинско мнозинство за поддршка на Северна.
Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев, како и партискиот порпарол Костадинов денеска кажаа дека продолжуваат преговорите со партијата Беса, која ја условува поддршката за смена на Уставот.
На дневен ред се предлог-амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, како и предлог-уставниот закон за прогласување на амандманите, што претствува трета и последна фаза од процесот на уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор.