Германската социјалдемократска партија (СДП) победи на изборите во Бундестагот, пред конзервативниот блок на канцеларката Ангела Меркел, јави ДПА, повикувајќи се на податоци објавени на веб  страницата на федералната изборна комисија по пребројувањето на гласовите.

СДП добива 25,7 проценти од гласовите, што е нивни најдобар резултат во последните неколку години.
Блокот на Меркел, составен од Христијанско -демократската унија (ЦДУ) и Христијанско -социјалната унија (ЦСУ), собра 24,1 отсто, што е најлош резултат.

Зелените се на трето место со 14,8 проценти – нивниот најдобар изборен учинок.
Слободната демократска партија доби 11,5 проценти, што претставува зголемување на поддршката во споредба со претходните избори.
Партијата Алтернатива за Германија падна на петтото место со 10,3 проценти.

Кандидатот за канцелар на левоцентристичките социјалдемократи на парламентарните избори во Германија, Олаф Шолц ги поздрави резултатите на неговата партија како „голем успех“, откако првичните прогнози покажаа дека неговата СПД има мало водство пред конзервативците.

– Многу граѓани ја избраа СПД бидејќи сакаат промена на власта, и сакаат следниот канцелар да се вика Олаф Шолц, истакна тој пред своите поддржувачи.