Сојузот на здруженија на дијабетичари денеска ќе ги презентира барањата за обезбедување квалитетни медицински сервиси и терапија, како одржливи модели за менаџирање со дијабетесот во време на пандемијата со Ковид-19.

Претставници на Сојузот на здруженија на дијабетичари на прес-конференција ќе укажат и на неопходноста за посебно внимание за престојната училишна година, особено за грижа кон децата со дијабетес тип 1, како и за потребата за итно враќање на редовните прегледи и интервенции за лицата со дијабетес.

Сојузот на здруженија на дијабетичари ги застапува правата, интересите, проблемите и обврските на околу 125.000 лица со дијабетес од кои околу 44.000 инсулин зависни.