Звучи како хорор филм но Kовид 19 остава трајни последици врз здравјето, вели доктор Даниловски во интервјуто за ТВ24. Според него Ковид 19 не е обично грипче и мора сите строго да се придржуваат до мерките и да не се разниша моменталната состојба која е стабилна но кревка.

„Токму наставата со физичко присуство, и на најмалите, кои тешко можат да бидат постојано дисциплинирани, може да ја разниша стабилноста и да допринесе до влошување на состојбата, која дополнително ќе биде влошена и со појавата на сезонскиот грип. Хазард е да се игра со децата“ изјави Даниловски во пресрет на соопштување на одлуката за почеток на учебната година.