Претежно сончево и топло време ќе имаме во текот на денешниот ден. Синоптичарите прогнозираат дека поизразена облачност ќе има во западните и јужните делови на Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Tемпературата ќе се движи од 29 до 36 степени.

Во Скопје и околината сончево и топло со мала локална облачност и слаб североисточен ветер. Температурата од 18 до 34 степени.