Во 1900 година во Велес е роден Ганчо Хаџипанзов, македонски револуционер и поет. Од неговото поетско творештво е позната само поемата „Ќе се вратам“. Се борел во интернационалните бригади во Шпанската граѓанска војна (1936-1939). Загинал при одбраната на Мадрид, на 19 ноември 1936 година.

Во 1903 година околу 15.000 турски војници и башибозук под водство на Бахтијар-паша почнале офанзива против Крушево и Крушевската република. Штабот на крушевските востаници, по добиениот ултиматум од Бахтијар-паша, за да се предадат одговорил: „Востанавме за да се бориме за извојување на слобода за Македонија, а не да се предаваме“. Но, кога градот се нашол во безизлезна состојба, штабот наредил востаниците да се повлечат со цел да се зачува градот од разурнување. Во жестоката битка загинале 32 востаника. Меѓу нив неколкумина се самоубиле.  Крушевската република паднала утредента, по борбите на преминот Слива и во месноста Мечкин Камен.

Во 1905 година во Велес е роден Бане Андреев – Ронката. Беше член на КПЈ, на АВНОЈ и на АСНОМ, а од 1949 година партиски и воен раководител. Во 1949 година бил обвинет за недоследност во оживотворувањето на политиката на КПЈ и бил исклучен од партијата. Во 1960 година повторно бил примен во редовите на СКЈ. Умрел во Белград, на 31 октомври 1980 година.

Во 1945 година е основано било македонско Лекарско здружение.

Во 1990 година во Скопје е осветен Соборниот храм на автокефалната Македонска православна црква „Свети Климент Охридски“.