Сончево со мала до умерена облачност, температура до 20 степени

/ 22.03.2019

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до девет, а дневната од 15 до 20 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

За време на викендот ќе биде претежно сончево со умерен ветер од северен правец.


Од истата категорија