Вкупно 250 санкции се изречени во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека од вкупниот број санкции, за возење без возачка дозвола се за 16 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење се 77 прекршоци, а 18 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

За непрописно паркирање се изречени 66 мерки, 61 возило се подигнати со „пајак“ и 33 казни се за неносење заштитна маска.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, стои во соопштението од МВР.