Во сообрќајна несреќа што се случи во 10:40 часот на патот Струмица – Валандово пред селото Костурино повредени се четири лица кои се пренесени во болницата во Струмица,  информираше за МИА портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

На патот моментно е создадена долга колона од возила кои се движат во правец од Валандово кон Струмица додека на лентата од спротивниот правец повремено се пуштаат возила.

Увидот на местото на несреќата се уште трае, а според првичните информации во сообраќајната несреќа учествувале три возила.

Последната вест е дека сообраќајот на овој патен правец се нормализира.

Сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Валандово кај селото Костурино е нормализиран, соопшти Авто-мото сојузот.

Сообраќајот беше во прекин од 11 часот поради сообраќајна несреќа на патот.