По повод вечерашниот протест, „Бојкотирам“ упати соопштение во кое бара од учесниците да се воздржат од било какви провакции, а ако забележат предизвикувачи на неред, да ги снимат со телефоните и да ги пријават кај најблискиот редар.

Истовремено, „Бојкотирам“ предупредува дека во последен моменнт протестот е поддржан од „групи чии насилни и провокаторски методи“ „Бојкотирам“ не ги поддржува.

„Хунтата и нивните полтронски групации имаат интерес да се вмешаат и преку вакви саботажи да ја оцрнат успешноста и вистинската цел на протестот. Во тоа нема да успеат ако сме внимателни“, се вели во соопштението.