Кога сопругот на Флоренс Намујег ја прашал сопругата зошто нивниот седумгодишен син пее христијански песни, таа немала одговор.

Флоренс, 27-годишна мајка на три деца, која живее во селото Лвебитати во централниот дел на Уганда во областа Мубенде, откога го предала животот на Христа, тајно посетувала црковни служби со своите два сина, едниот 2-годишен, а другиот 5-годишен. Таа не го водела нејзиниот 7-годишен син до 24 ноември.

„Таа вечер кога бевме дома, син ми почна да пее некои христијански песни што порано ги пеевме во црква“, раскажува Флоренс.

„Мојот сопруг почна да ме испрашува од каде нашиот син научил вакви песни, но јас не му реков ништо. Потоа го праша нашиот син, а тој му кажа дека видел мажи и жени како ги пеат овие песни во црквата за време на славењето. Отидовме да спиеме, без збор “.

На 29 ноември, 34-годишниот сопруг Абудалах Нсубуга и рекол на својата сопруга дека треба да оди во џамијата и да се моли таму.

„Одбив“, вели таа. „Тој почна да ме тепа со стап, да ме удира со раце и нозе. Кога паднав на подот, тој отиде во џамијата. Почнав да крварарам, левата рака ми беше тешко повредена. Тој таа ноќ не се врати дома и спиеше со една од другите жени со кои беше во брак “.

Рано утро на 30 ноември, се појавил во домот.

„Тој дојде и го кажа ритуалот, исламските зборови за развод и се закани дека ќе ме убие ако останам со него и нашите синови“, раскажува таа. „После тоа, заминав од дома, оставајќи ги сите свои работи“.

Потоа, тие почнале да живеат на тајна локација.

„За моите три деца, заработував перејќи облека на луѓето во селото“, рече таа. „Животот е доста тежок за мене и моите деца. Сфатив дека следењето на Исус не е лесно. Понекогаш минувам непроспиени ноќи размислувајќи за мојата иднина и иднината на моите мали деца, особено за нивното школување “.

Нејзиниот сопруг, кој има уште две сопруги, се развел од неа по осум години брак. Флоренс својата вера ја положила на Христа откако присуствувала на евангелската средба организирана од црквата.

Младо семејство бездомници

Околу 145 километри северо-источно од Камапала, во селото Бутумо, парохија Касамбира во областа Камули, поранешниот муслиман, заедно со сопругата, му го предаде животот на Христа на 25 септември. Потоа, тие беа протерани од нивниот дом од муслимани, кои им се заканиле дека ќе го убијат.

Ричард Вамала (25) купил земјиште од Хаџи Кабибу Насуру на 25 мај. Ричард и неговата сопруга започнале да одгледуваат свињи, животни кои се забранети во исламот. Претходно, тие тајно отеле на литургија.

„Хаџи Насуру собра други муслимани и ме протера од земјата што ја купив од него. Не ми врати ниту денар“, изјави Ричард. „Почнаа да ми се закануваат да заминам веднаш или ќе го почувствувам гневот поради „губењето на верата. Ми се закануваа и со магии“.

Тој го пријавил нападот во локалниот совет, но немал никаква помош. Претседателот на советот го нарекол „неверен“.

Ричард, неговата сопруга и едногодишната ќерка, пронашле засолниште на тајна локација.

„Чувствувам болка во срцето, силна болка“, вели Ричард. „Ја изгубив фармата и домот, како и голема сума на пари. Јас сум бездомник , а моите молитви за помош не вродија со плод. Ми треба помош за да си ја вратам земјата и на крајот да ја продадам за да можам да купам друга земја каде би живеел со моето семејство“.
Н.е.

Ричард вели дека ја прифатил верата откако пасторот неколку пати го посетил него и неговото семејство.

„Тој ја сподели со нас Божјата порака за спасение“, рече тој. „По еден месец, мојата сопруга и јас бевме освестени за нашите гревови и ги посветивме нашите животи на Господ Исус Христос. После тоа, нашите животи почнаа да се менуваат “.

Ова се само некои од многуте случаи на прогонство на христијаните во Уганда.

Уставот на Уганда, како и другите закони, гарантира верска слобода, која вклучува слобода за остварување на нечија религија и преминување од една во друга религија. Муслиманите сочинуваат помалку од 12% од популацијата на Уганда. Повеќето живеат во источниот дел на земјата.