Никогаш не би ми паднало на памет да започнам насилна расправија со мојот сопруг кој е со поголема физичка сила од мене и со импулсивен карактер, а не пак прва да посегнам по нож за да го нападнам, пишува во изјавата Марина Лазаревска Ивановска.

„Во периодот околу 23 часот 17.01 со возило на итната медицинска помош бев пренесена на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија,ортопедски болести,анестезија,реанимација, интензивно лекување и ургентен центар и бев  задржана неколку часа за извршување испитувања при што го напуштив КАРИЛ нешто пред 2 часот 18.01.

Тоа е се што ќе изјавам, не би додавала дополнителен сензационализам поради сензибилноста на настанот. Информациите за мојата здравствена состојба поткрепени со извешатаи од специјалисти и извршена визуелизација на моето лице и тело од страна на испекторите на МВР може да ги проследите од соодветните институции. Верувам во органите на правната држава“, пишува Лазаревска Ивановска.

Нејзиниот сопруг, сопственик на интернет портал Саше Ивановски Политико, во врска со синоќешниот настан што го потврди и МВР, за медиуми изјави дека не се случило такво нешто и дека нема друг коментар.

МВР информира дека сопственик на интернет портал и неговата сопруга заработија пријави од полицијата откако ноќта од 16 кон 17 јануари, во полициска станица одделно пријавиле дека се жртви на семејно насилство.

Според МВР, првата пријава во полиција била од сопственикот на порталот кој кажал дека сопругата го нападнала со нож околу 23 часот, а три часа подоцна, околу 02 часот по полноќ се јавила неговата 25-годишна сопруга која го пријавила својот сопруг дека физички ја нападнал употребувајќи нож.

Се огласи Саше Политико- ја кажа неговата вистина

(Превземено од Мактел)

Се надевав дека нема случајот да излезе во јавност затоа што не сакав да и наштетам на мојата сега веќе екс сопруга.

Но за жал случајот некако излезе во јавност и ќе морам да ја кажам вистината.

За жал, пред два дена имавме пак кавга со мојата екс сопруга поради нејзината за жал болна љубомора која беше без основа.

Ми беше лута за моето присуство на пресот на министерот Сугаревски, каде до мене седеше новинарка, и таа беше параноична дека јас не смеам да бидам во близина на жени, затоа што тоа било опасност за нашиот брак.

Ваквите кавги траат веќе 5 години, но јас неколку пати ја напуштав и живеев во Кратово сам со месеци кај моите, но пак се враќав во бракот со надеж дека таа ќе престане со паранојата и ќе престанат кавгите.

Но пак се случи нова кавга, 1000-та по ред и пак решив да си одам, но овој пат таа ја заклучи вратата и ми ги зема ташничките со новчаникот и клучевите.

Јас во тој момент се јавив на полиција за да ми помогне да го напуштам домот затоа што не сакав пак да бидам малтретиран цела ноќ со нејзините нервни испади.

Но таа кога виде дека вртам во полиција, зема нож и почна да пробува да се самоповредува па во еден момент реши и мене да ме боде и да ме сече, за што имама повреди на лицето и на ушите.

Тогаш решив да ја совладам и да ја чекам полицијата да дојде, целиот напад додека траеше полицијата слушаше од другата страна, за среќа стигнаа за само 5 минути и немаше поголеми повредиу кон никого.

За жал целиот настан го гледаше нашето синче кое беше избезумено и потоа им раскажа на полицајците, им рече, мама го исече тато, на што јас кога го слушнав тоа негово сведочење мислам дека ќе се онесвестев од жал за тоа што ова детенце мораше да гледа сирото тоа ангелче мое најсакано…

Тоа е тоа почитувана јавност, не сум јас насилник, не сум жено тепач, не сум никаков тепач, само сум жртва на една болна параноја на една несигурна млада жена.

И посакувам брзо да го преброди ова и да успее во животот, ќе и помагам финансиски колку можам, тоа и досега го праввев но за жал не успеавме.

Добро е што сепак засега никој не е сериозно повреден и дека сите ќе бидеме здрави и живи и среќни еден ден.

Да резимирам:

– јас повикав полиција

– јас сум повредениот а таа не

– не сум бил приведен, само отидов да дадам исказ како жртва на семејно насилство

– поднесов кривична пријава за мојата сопруга со надеж дека тоа ќе делува превентивно врз неа во иднина да не се осмелува да напаѓа некого со нож или какво и да било друго оружје, никој нема право некого да убива или повредува, без разлика што и да мисли дека таа личност направила.

Инаку никого не му пожелувам да биде во врска со љубоморна личност. Јас изминативе години живеев практично во куќен притвор, не смеев никаде да одам без неа, па таа дури почна да оди по фирмите и да ги носи фактурите и документите од страв дека јас ќе имам нешто со некоја маркетинг менаџерка или слично?!

Не смеев да одам ниту на пресови нити на јавни настани, затоа ме нема пред суд да ги бркам Груевци затоа и не можам да почнам со мојата емисија иако имаме студио и опрема, но не смеев да го направам тоа затоа што таа се плашеше дека јас ќе ја изневерам со некого во тоа студио.

Затоа и стагнира порталот и стагнира мојата кариера поради нејзината болна љубомора, но сепак и тоа се трепеше само за доброто на нашето синче а и за нејзино добро, и помагав да студира и да полага испити, но не се трпеа кавгите кои траеа со часови и поради кои не можев да работам, да ве потсетам дека нашиот дом беше и моја канцеларија, а од мојата работа за висеше дали ќе можеме да си ги платиме сметките и да имаме што да јадеме.

Беше тоа еден хорор брак кој што заврши со хорор сцена како од хорор филм. Се надевам дека државата ќе има разбирање за целата ситуација и ќе ми дозволи да си го гледам синчето и ќе дозволи и јас да се грижам за него, тоа е најважно во целата приказна.

Марина заслужува помош, таа во моментов прави грешки, но верувам дека ќе застане на прав пат и дека ќе го преброди ова, секој прави грешки во животот, особено во лудите 20-ти кога сеуште не знаеме кој сме и што сме.