Сопругата и ќерката на премиерот Зоран Заев, Зорица и Александра деновиве се во Германија каде уживаат во предновогодишната атмосфера на еден од традиционалните базари кои се одржуваат во чест на божиќните празници.

Ќерката на премиерот, Александра Заева на социјалните мрежи објави фотографии на кои се гледа дека со својата мајка се дел од божиќен панаѓур во Франкфурт.

Зорица и Александра можат да си дозволат, во услови на енормно загадување на воздухот во Македонија, да заминат на некоја светска дестинација каде што можат да уживаат и да дишат чист воздух. Од фотографиите на Александра на Инстаграм, се гледа дека таа често диши чист воздух во некоја друга држава. Се изнашета девојчето.