Моза бинт Насер, сопругата на поранешниот емир на Катар, шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, на отворањето на Светското првенство во фудбал облече бордо фустан стар 12 години, и тоа со посебна симболика.
Моза, која се движи кон средината на седмото десетлетие од својот живот, се појави во фустан од „Прада“, што првпат го облече 2010 година, кога нејзината земја се пријави за домаќин на Светското првенство. Фустанот е изработен по нарачка од италијанската модна куќа и беше инспириран од нејзината колекција пролет-лето 2007 година. Бордо фустанот го спои со марама во истата нијанса, а изгледот го комплетираше со блескав брош и бордо мокасини.
Моза сподели и фотографии од нејзиното модно издание на отворањето на Инстаграм и порача: „Времето дојде. Добредојдовте на Светското првенство на ФИФА Катар 2022 година“.
На снимката таа е со нејзиниот сопруг, шеикот Хамад, поранешен емир на Катар, и нејзините деца – шеик Хинд бинт Хамад и поранешниот наследник, шеик Јасим бин Хамад.