Во владејачката СДСМ вечерва ќе се  одржи состанок на раководството на партијата. На два дена по референдумот состанок вечерва има и Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Извори од двете партии велат дека станува збор за редовни состаноци.

Од СДСМ потенцираат дека станува збор за редовен состанок на партиското раководство.

Во ВМРО-ДПМНЕ, пак, посочуваат исто така дека се работи за редовни состаноци на кои раководството на партијата ќе разговара за актуелните состојби во земјата.

Состаноците на двете најголеми македонски партии се актуелни поради барањето на премиерот Зоран Заев од неделата по гласањето на референдумот пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да поддржат уставни измени или да се оди на предвремени избори.

Според лидерот на партијата Христијан Мицкоски, нивните пратеници нема да поддржат уставни измени, а во однос на предвремените избори ВМРО-ДПМНЕ излезе со свои барања – 100 дена претходно да има влада според Пржинскиот модел.

Исходот од разговорите меѓу партиите за кои се тврдеше дека ќе почнат деновиве треба да се знае до следната недела