Состојбата на Џафери стабилна, тестовите на Ковид 19 негативни

/ 28.07.2020

Од Кабинетот на екс-спикерот на Собранието, Талат Џафери информираат дека неговата состојба е стабила, но докторите препорачуваат одмор.

„Здравствената состојба на претседателот на Собранието г-дин Талат Џафери е стабилна. Со оглед на интензивните активности што ги имаше во текот на изборната кампања, по препорака на лекарите неопходен му е одмор и мирување“, велат од неговиот кабинет.

Џафери направил неколку тестови на Ковид-19 и сите биле негативни.

Тој е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.

Останува неизвесно дали токму тој ќе ја свика конститутивната седница на десетиот парламентарен состав или пак тоа ќе треба да го направи најстариот пратеник.

Присуство на Џафери беше најавено и за 2-ри август на Мечкин Камен во Крушево.


Од истата категорија